Познатиот пејач Мишо Ковач синоќа со брза помош бил пренесен на пулмолошкото одделение во болицата во Сплит.
Хрватските медиуми пренесуваат дека пејачот бил хоспитализиран со многу висока температура и дека е задржан на лекување.
Пејачот кој има 82-години и лани имаше здравствени проблеми. Поради висока температура и болест го откажа настапот на дочекот на Новата година во Вуковар. Една година порано тој прележа и корона.
The post Мишо Ковач заврши во болница appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
