Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со оглед на функцијата што ја има, е најмоќниот човек во светот на фудбалот, а сите му се смеат по видеото кое се појави на социјалните мрежи.
Првиот човек на светската куќа на фудбалот за време на првенството во Катар играше на хуманитарен натпревар и во таа прилика прилично се обрука.
Се обиде да изведе еден удар од аголот, но тоа го направи на катастрофален начин. Топката заврши далеку зад голот, а видеото од тој корнер на социјалните мрежи го погледнаа неколку милиони луѓе.
Секако, коментарите течат со брзо темпо, а многу љубители на фудбалот се прашуваат дали Инфантино воопшто шутнал топка пред тој момент.
„Нема да претерам ако кажам дека ова е најлошата техника што некогаш сум ја видел“, „човек кој изведува корнер како овој не треба да биде ни блиску до фудбалот, а камоли на чело“, „има овој човек некогаш играно фудбал“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Следете не, не има насекаде