септември 21, 2024

Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска е убиена неполни три часа по киднапирањето, ако намерата била да се бара откуп за девојчето? Дали ако планирале да бараат откуп, имале логистика – објект каде ќе складираат храна, вода? Истрагата работи на одговор на сите неодговорени прашања за киднапирањето и убиството на девојчето.

Со оглед на тоа што Вања била киднапиран во 7 часот и 30 минути, а убиена околу 10 часот, бидејќи, според еден од осомничените, „работите излегле од контрола“ и киднаперите почнале да паничат бидејќи потрагата по девојчето започнала, прашањето се јавува како дознале за статусот кога мајката објавила на Фејсбук дури во 12:08 часот, два часа по убиството на детето.

ПЕНДАРОВСКИ: НЕ Е МОМЕНТОТ ВО ОВИЕ ТАЖНИ ВРЕМИЊА ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ВТОР МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не размислува за втор мандат во вакви тажни времиња. „Прашањето на вашиот колега беше дали размислувам за втор мандат. Реков дека не мислам, и да …
ИВАНОВСКА: АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ВО 2019 ГОДИНА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА АНЃУШЕВ

Од 2019 година Антикорупциската комисија побара Владата да го разреши заменикот. на тогашниот премиер Кочо Анѓушев, поради одреден судир на интереси, рече шефицата на Државната комисија за спречување на корупцијата, …

Според извори од истрагата, детето било киднапирано во 7 часот и 30 минути, а околу 10 било убиено во атар на скопското село Бразда. Од центарот на Скопје се вози околу половина час. Патувањето на убијците траело подолго, во меѓувреме, застанале на бензинска пумпа за да наполнат кофа со бензин, со што подоцна го запалиле возилото украдено од претходно убиениот Панче Жежовски.

Дополнително, се поставува прашањето дали убиецот кој ладнокрвно уби дете, откако пет дена претходно убил друго лице, ова му е прво убиство во животот или не му затреперила раката затоа што тоа го направил претходно?

И материјалната состојба на главниот осомничен Љупчо Палевски ги меша мотивите. Како човек кој заработил милиони евра како градежен бизнисмен во 90-тите, градејќи бројни објекти во Дебар Маало, на крајот киднапирал дете за да изнуди десетици илјади евра?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат дека треба да одговори истрагата која штотуку започна.

Да потсетиме, синоќа во Турција беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо.

Полицијата претходно приведе пет лица поради сомнение дека помагале или учествувале во киднапирањето и убиството на малата Вања и Жежовски. Меѓу нив е и таткото на малата Вања. На четворицата синоќа им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK