септември 21, 2024

Покрај писменото барање до тамошното министерство и турската амбасада во земјава, минситерот за правда Лога најави дека ќе разговара телефонски и директно со неговиот турски колега, а очекува поради партнерските односи со Р. Турција, набрзо да постапат и да го испорачаат Палевски во Македонија.

Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ?

Ако има поинкави докази за двојното убиството лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски треба да ги достави до Обвинителството, а треба да одговори дали се среќавал и за што разговарал …
Анѓушев остана без функцијата почесен конзул на Малта во Македонија

Министерството за надворешни работи на Малта на Кочо Анѓушев му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта во Македонија, откако тој се најде на американската „црна листа“, објави „Тајмс …

-Јас верувам дека за релативно кратко време ние ќе добиеме позитивен одговор и осомничениот ќе биде меѓу нас да го докажува тоа што се случи. Не знам колку ќе ги искористи тие правни лекови да се жали или не. Не можам да кажам колку би траело во овој момент без да ги знам постапките во Турција,- Кренар Лога – министер за правда.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев оценува дека Палевски може да биде екстрадиран за околу два месеца со оглед на повеќеслојните проверки од турските органи. Иако не се очекуваат пречки, Калајџиев вели дека Палевски пред тамошните органи може да се жали и да бара да не го екстрадираат поради јавен линч и квалификации пред да биде осуден и можност за нефер судење во земјава.

-Слушнавме министерот ги прогласи за малоумни, тоа би им користело. Ако сте непресметливи може ќе одговарате полесно или нема да одговарате.. Претходно имаше изјави дека се знае кои се и слично, монструми итн. Се создава хајка за којашто утре некој може да тврди дека во државата нема услови за фер судење. Ниту е постапката против него политички монтирана, меѓутоа он може тоа да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан, го прогласуваат за сторител,- Гордан Калајџиев – универзитетски професор по кривично право.

Првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски завчера на 5 декември беше уапсен од турската полиција во Баликесир, на автопат кадешто се движел пеш. Ден потоа македонското министерство за правда побара од турските власти да го задржат во притвор, се до негова екстрадиција во земјава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK