ноември 11, 2024

Владата на денешната седница меѓу другото го разгледа и утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, поврзан со тоа што е најголема грижа за сите македонски спортисти во изминатиов период – државната помош преку ваучер-системот.

Дали средбите на Мицкоски со монструмот Палевски се причина за манипулациите на ДПМНЕ?

Ако има поинкави докази за двојното убиството лидерот на ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски треба да ги достави до Обвинителството, а треба да одговори дали се среќавал и за што разговарал со Љупчо …
Анѓушев остана без функцијата почесен конзул на Малта во Македонија

Министерството за надворешни работи на Малта на Кочо Анѓушев му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта во Македонија, откако тој се најде на американската „црна листа“, објави „Тајмс оф Малта“. …

Денешното утврдување на промените кои ќе ги претрпе законското решение со кое се регулираат односите во спортот значи продолжување на државното финансирање на федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти, без кое тешко дека голем број од овие субјекти воопшто би опстанале.

„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, кои имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели воо владиното соопштение.

Предлог законот сега ќе влезе во собраниска процедура, каде што ќе треба да биде изгласан за да стапи на сила. Со оглед на односот на силите во македонскиот парламент, ова се очекува да биде само формалност што значи дека и во 2024 година македонскиот спорт ќе добие државна инјекција и тоа директно од буџетот, а не преку даночно ослободување, кое овозможуваше разни криминални дејствија и барање процент за наплата на ваучерите. Единствена непознаница засега е сумата која државата ќе ја одвојува за спортот, односно дали таа како и досега ќе остане на 10 милиони евра или, пак, ќе биде зголемена или намалена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK