ноември 27, 2024

ренерот на Брентфорд, Томас Франк, го продолжи договорот за уште две години и на клупата на клубот од Лондон треба да остане најмалку до лето 2027 година, објави денеска премиерлигашот.

Данецот Франк (49) седна на клупата на Брентфорд во октомври 2018 година и за прв пат по пауза од 74 години го донесе клубот во Премиер лигата.

„Овде сум вкупно веќе ест години, што е долго време во модерниот фудбал и сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката која ни ја даваат – на играчите, персоналот и сите кои се во клубот“, изјави Франк.

Брентфорд во моментов се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата.

Пред паузата поради Светското првенство во Катар, екипата предводена од Франк го совлада актуелниот шампион Манчестер сити со 2-1, а в понеделник на домашен терен ќе игра против Тотенхем. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK