октомври 5, 2024

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го предводеше Далас во триумф на гостински терен во НБА лигата против Хјустон, постигнувајќи 50 поени во победата од 112-106.

За Дончиќ ова е втор пат во кариерата да постигне најмалку 50 поени на натпревар во НБА лигата.

На Дончиќ прв пат тоа му успеа на 10 февруари оваа година, кога на дуелот против ЛА Клиперс уфрли 51 поени.

„Понекогаш чувствувате дека ќе погодите повеќе шутеви од вообичаеното. Кога го имате тоа чувство, тогаш ви се чини дека реализирате од секој обид“, изјави по натпреварот Дончиќ, кој постигна 17 поени во последната четвртина и со тоа спречи пресврт на Хјустон.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK