ноември 27, 2024
Секој детал од овој случај што ќе стигне до јавноста му дава предност на непријателот во неговата намера да и наштети на Германија, рече Кал.

ГЕРМАНИЈА: ОТКРИЕН руски шпион во разузнавачката служба

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) вчера  уапси лице вработено во Федералната разузнавачка служба (БНД). Дополнително, поради сомнение за велепредавство, извршен е претрес во станот и работното место на пријавениот и на уште едно лице.

Истрагата ја води државниот обвинител во Карлсруе, институција која ги презема истрагите кога станува збор за загрозување на уставниот поредок на СР Германија. Во соопштението се наведува дека обвинет е Карстен Л. вработен во Федералната разузнавачка служба.

– Во 2022 година информациите до кои дошол како дел од неговата професионална дејност ги префрлил на руската разузнавачка служба. Содржината е државна тајна во смисла на член 92 од Кривичниот законик .

Во писмената изјава, претседателот на БНД, Бруно Кал, истакна дека „воздржаноста и дискрецијата се многу важни во овој случај:

– Со Русија од другата страна, имаме работа со актер на чија бескрупулозност и подготвеност за насилство мора да сметаме.

Од БНД не сакаа да кажат кои се конкретните димензии на овој случај.

„Со оглед на натамошните тековни истраги“, продолжи писмената изјава на Кал, разузнавачката служба не сака јавно да ги коментира деталите за овој случај до понатамошно известување.

Имено, постои загриженост дека привремените резултати од истрагата во Карлсруе нема да излезат на виделина. Затоа што во тој случај Москва би можела да претпостави какви сознанија имаат германските власти.

– Секој детал од овој случај што ќе стигне до јавноста му дава предност на непријателот во неговата намера да и наштети на Германија – вели Кал, пренесува ДВ.

Осомничените во притвор

Не е јасно и кога бил откриен осомничениот. Во соопштението за печатот на претседателот на БНД се наведува: „Откако дозна за можен случај на предавство во своите редови, Федералната разузнавачка служба веднаш започна сеопфатна внатрешна истрага“. Кога овие сомнежи се потврдија, веднаш се вклучи федералниот јавен обвинител.

Осомничениот во четвртокот бил изведен пред истражен судија. Тој моментално е во притвор. Во рамки на истрагата, извршен е претрес на два имоти на БНД.

Германскиот министер за правда Марко Бушман (ФДП) го поздрави откривањето на рускиот шпион и повика на дополнителна претпазливост. „Ако обвиненијата се покажат како оправдани, тоа е показател дека треба да бидеме внимателни“, рече Бушман.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK