ноември 27, 2024
Украинската амбасада во Белград соопшти дека милиони нејзини жители во градовите се соочени со закана од целосен недостаток на струја (што би можело, посочија, да доведе до хуманитарна катастрофа) и ги повика властите, цивилното општество, бизнисмените и граѓаните на Србија да им помогнат на Украинците.

Украинската амбасада во Белград ја повика Србија да ѝ помогне со електроенергетска опрема

Во јавниот повик на амбасадата се истакнува дека на Украина ѝ се важни секој генератор, автотрансформатор, трансформатор и високонапонска опрема, и тоа веднаш, бидејќи, како што велат, „утре може да биде доцна“.

Во соопштенеито се наведува и дека Украина добива помош од целиот свет во опрема за стабилизација на енергетскиот систем, но дека тоа не е доволно.

„Москва од 10 октомври истрела над 1.000 проектила на објекти од енергетскиот систем на Украина. За време на двомесечниот ракетен напад, речиси 50 отсто од украинскиот енергетски ситем (термо и хидроелектраните, како и високонапонската мрежа) се значително оштетени. Не остана ниту една електрана во Украина која не е гранатирана“, посочуваат од амбасадата, додавајќи дека поради тоа цивилното население на Украина, вклучително и болниците, училиштата и градинките, ќе се соочи со недостаток на постојан пристап до електрична енергија, топлина и вода.

Амбасадата потенцира и дека Украина не стоела настрана кога Србија имала проблеми во енергетскиот сектор, при што потсети и на одлуката на украинската влада да ѝ предаде 100 тони мазут на Сојузна Република Југославија во вид на хуманитарна помош.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK