септември 22, 2024

Претставници на курдската заедница во Франција денеска се собраа во центарот на Париз за да побараат одговори на прашањата поврзани со убиството на тројца Курди во францускиот главен град. Според француски медиуми демонстрантите фрлаа кон полицијата.

Вооружен маж ги изврши убиствата во курдскиот културен центар и соседното кафуле вчера во Париз, во раздвижениот централен дел на градот.

Полицијата уапси 69-годишен маж за кој властите велат дека неодамна бил ослободен од притвор во очекување на судењето за напад со сабја во камп за мигранти во Париз пред една година.

Откако разгневената толпа се судри вчера со полицијата, Курдскиот демократски совет во Франција   повика од својата веб-страница и социјалните мрежи за денешниот митинг. На плоштадот денеска се собраа неколку стотици луѓе, а многумина држат знамиња.

Париската обвинителка Лоре Беко вчера ја призна можноста за расистички мотив за нападот, но курдските претставници изјавија дека нападот треба да се третира како терористички напад.

„Знаеме дека сме под закана, Курдите воопшто, курдските активисти и борци. Франција ни должи заштита“, изјави портпаролот на КДС, Бериван Фират, за ТВ БЕФМ. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK