септември 22, 2024

 Избраната комисија на Претставничкиот дом за истрага на упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година го објави својот конечен извештај, огромна колекција на документи од 845 страници во кои се вели дека „главната причина за 6-ти јануари беше еден човек, поранешниот претседател Доналд Трамп“. 

Резултат на повеќе од 17 месеци истрага, извештајот ги прикажува доказите собрани од илјадници интервјуа на сведоци, документи и електронски комуникации како смс и пораки пратени на други апликации. 

Според комисијата, „тие докази доведоа до главен и директен заклучок: Главната причина за 6-ти јануари беше еден човек, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го следеа многу други. Ниту еден од настаните на 6-ти јануари немаше да се случи без него“. 

Покрај истрагата за самиот напад, извештајот го опишува притисокот на Трамп врз американските функционери, од сојузните држави, законодавци и тогашниот потпретседател Мајк Пенс, да манипулираат со системот или да го прекршат законот. 

Објавувањето на извештајот следи по последното сослушување на комисијата во понеделникот, на кое членовите го обвинија поранешниот претседател дека извршил повеќе кривични дела и го упатија до Одделот за правда на кривично гонење. Обвиненијата вклучуваат бунт, попречување на официјална постапка, заговор за измама на САД и заговор за давање лажна изјава. 

Извештајот на комисијата, исто така, детално го прикажува она што го опишува како обид на поранешниот претседател да го „корумпира Одделот за правда“. 

Извештајот документира дека, во неделите што следеле, Трамп презеде голем број чекори за да се обиде да ги убеди високите функционери во Минизтерството за правда да издаваат изјави во кои изразува сомневање за резултатите од изборите. 

Во извештајот се сугерира кривично гонење на Трамп, но таа сугестија нема правна тежина, но обемните записи од комисијата ќе ги надополнат доказите собрани од министерството за правда во сопствената истрага и би можеле да влијаат на конечната одлука дали да се гони поранешниот претседател, што би било прв пат за еден екс претседател. 

По изборите, поранешниот државен обвинител Вилијам Бар го информираше Трамп дека сите истраги за изборни нерегуларности преземени од министерството не успеале да најдат докази за измама доволно големи за да ги поништат резултатите од гласањето. 

Соочен со континуираните тврдења на Трамп за измама, Бар ја објави својата оставка во декември 2020 година. На Трамп пак поради 6-ти јанураи му беше изгласа импичмент од страна на Претставничкиот дом.  Иако Сенатот потоа го иззеде од таквата највисока политичка осуда.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK