мај 3, 2026

Foto/ EPA

Познати се сите учесници во осминафиналето во Лигата на шампионите, како и екипите продолжуваат во Лига Европа.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во понеделник на 18 декември во 12:00 часот.

Во групната фаза немаше премногу изненадувања, но дефинитивно имаше драма, особено во последното коло.

Најпознатото име кое го заврши натпреварувањето е Манчестер јунајтед, а шпанските клубови имаа феноменалена есен, секој од нив заврши на првото место во својата група.

Првопласирани во групите беа: Баерн Минхен, Арсенал, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и Барселона.

Во осминафиналето како второпласирани се пласираа: Копенхаген, ПСВ, Наполи, Интер, Лацио, Пари Сен Жермен, Лајпциг и Порто.

Во Лига Европа ќе го продолжат: Галатасарај, Ленс, Брага, Бенфика, Феенорд, Милан, Јанг Бојс и Шахтјор.

The post Познати се сите осминафиналисти во ЛШ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK