септември 22, 2024

Foto/EPA

Заврши групната фаза во Лигата на шампионите во сезоната 2023/2024. Последни кои обезбедија пласман во осминафиналето се ПСЖ и Порто. Во последното коло, првите победи ги забележаа Антверпен и Селтик. Антверпен ја победи Барселона и го запиша првиот триумф во ЛШ, во клупската историја, додека Селтик по пауза од 15 натпревари конечно славеше во елитното натпреварување.

Најдраматично вечерва беше во Ф групата. Борусија одигра 1:1 против ПСЖ и си го обезбеди првото место на табелата, ПСЖ остана на втората позиција благодарение на подобриот меѓусебен дуел со Милан. Италијанците, со пресврт славе во Њукасл (1:2) и обезбедија место во Лига Европа.

Резултати:

Група Е:

Атлетико Мадрид – Лацио 2:0
Селтик – Феенорд 2:1

Табела: Атлетико 14, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 4

Група Ф:

Борусија Дортмунд – ПСЖ 1:1
Њукасл – Милан 1:2

Табела: Дортмунд 11, ПСЖ 8, Милан 8, Њукасл 5

Група Г:

Црвена звезда – Манчестер Сити 2:3
РБ Лајпциг – Јанг Бојс 2:1

Табела: Манчестер сити 18, Лајпциг 12, Јанг Бојс 4, Црвена звезда 1

Група Х:

Порто – Шахтјор 5:3
Антверпен – Барселона 2:1

Табела: Барселона 12, Порто 12, Шахтјор 9, Антверпен 3.

The post (Видео) Милан го исфрли Њукасл, ПСЖ се провлече до второто место во Ф групата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK