Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера напладне ги лишиле од слобода Д.С.(38), Р.А.(35), Д.В.(31), Д.Т.(28), сите од Свети Николе и 23 – годишната А.П. од с.Горобинци, светиниколско.
Имено, при контрола на патничко возило во кое се превезувале Д.С. и Р.А., кај Д.С. била пронајдена и одземена прашкаста материја која ја купил од Д.В. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т., каде ги затекнале Д.В. и А.П., при што била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.