септември 22, 2024

Вчера Барселона загуби од Антверпен со 3:2 во шестото коло од Лигата на шампионите. Шпанскиот шампион од првото место се пласираше во осминафиналето, но поразот дополнителн ја влоши ситуацијата во клубот.

Неприфатливо е Барселона да прими седум гола на два натпревари, во неделата го загуби дербито од Џирона на домашен терен со 2:4.

Видливо е дека Барселона се мачи и дека идеите на Чави не функционираат добро на теренот. Барселона најчесто победува со еден гол разлика, а последен пат победија некој со повеќе од еден гол разлика на 19 септември (против Антверпен 5:0).

Поради ова тренерот Чави е под голем притисок, па дури се шпекулира дека може да добие отказ. Радио Монте Карло 1 и Џерар Ромеро тврдат дека спортскиот директор Деко и Чави се скарале по поразот од Белгија.

Нивниот однос сега е целосно нарушен, а Чави смета дека Деко со медиумските настапи ја нарушува атмосферата во тимот и му го урива авторитет.

Деко е лут поради лошите резултати и недисциплина во клубот. Тој верува дека играчот од средниот ред Френки де Јонг лажирал болест за да не мора да патува во Белгија, тврди Ромеро. Португалецот го обвинува актуелниот тренер за лоѓата ситуација.

The post Чави и Деко се скарале по поразот во Антверпен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK