септември 22, 2024

Пишува на социјалните мрежи Јована Мојсоска од Левица:

Ова е директорката ЕЛЕНА НИКОЛОВА, која по незаконските барања на Шаќири се обидува насилнички да направи паралелка на албански јазик во општина Чашка!

Очув од Делчево повеќе од една година вршел обљуба над малолетната ќерка на сопругата

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од …

Најнеспособниот министер за образование, наместо да даде оставка што уште една година учениците завршуваат без учебници – истиот со кршење на законите врши дополнителна сегрегација на (и онака) поделенето македонско општество. Иако не се исполнати законските услови за воведување паралелка на албански јазик, послушничката на Шаќири по секоја цена воведува паралелка, само за да ги исполни сегрегирачките барања на ДУИ.

Тоа е приоритетот на Шаќири, на директорката Николова и на најнеспособната багра на власт – насилничко кршење на законите додека учениците немаат од што да учат. Ако се дозволи отворање на албанска паралелка спротивно на законите, тогаш сите етникуми имаат право да го побараат истото – па после да не се чудите зошто пола деца не можат ни да го разберат јазикот на државата во која се родени!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK