септември 22, 2024

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот изештај Меѓународниот републикански институт ИРИ- „Индекс на транспарентност на политичките партии”, за 2023 година.

Според извештајот, СДСМ е најтранспарентна партија во сите точки со кои се прави истражувањето, во однос на основните информации за партијата, пристап до информации од јавен карактер, финансиска транспарентност и комуникација или отвореност со членството и граѓаните.

Веднаш зад СДСМ се Левица и Алијанса за Албанците, кои се оценети како партии со многу добра активна транспарентност.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се оценети со добра активна транспарентност.

Според анализите и извештајот, СДСМ има најдобар резултат на Индексот на транспарентност (2023) во однос на сите останати политички партии.

-СДСМ бележи пораст и при ова мерење на активната транспарентност е оценета со „многу добра активна транспарентност”. Веб-страницата е надградена, добро уредена и содржи голем дел од анализираните информации. На пример, по објавувањето на Индексот на транспарентност на политичките партии (2021), на веб-страницата е воведена посебна категорија (подмени) „информации од јавен карактер”, каде јасно се структурирани сите информации, како што се: листата на информации од јавен карактер, програмите на партијата и основните акти на партијата, финансиските извештаи, годишните извештаи и годишните сметки, релевантните закони за работењето на политичките партии, стои во извештајот на ИРИ.

Очув од Делчево повеќе од една година вршел обљуба над малолетната ќерка на сопругата

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од …

СДСМ има максимален број на поени во однос на финансиската транспарентност и извештајот на донации каде целосно ги објавила информациите, стои во извештајот. Анализата на Индексот покажува дека СДСМ е единствена партија која регистрите на донации и извештаите за донации ги има објавено во отворен формат.

Интересно во овој извештај е што ДУИ има еднаква финансиска транспарентност како и СДСМ, односно овие две партии биле потранспарентни од Левица, а и од ВМРО-ДПМНЕ која се наоѓа дури на осмото место во инфографикот.

СДСМ има и најголема оценка и во однос на делот, комуникација со граѓаните- индикаторите ја мерат отвореноста на партијата, односно воспоставените механизми за електронска комуникација со граѓаните и членовите на партијата.

И во овој дел од извештајот ВМРО-ДПМНЕ е на осмо место, зад СДСМ и Левица.

На крај, логично се поставува прашањето: Дали ВМРО-ДПМНЕ крие незаконско финансирање на партијата, што предизвикува лошо рангирање на партијата во извештајот на ИРИ?

ИЗВОР:ИНФОМАКС

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK