септември 25, 2024

Група граѓани од Берово во петок на 29 Декември, на градскиот плоштад организираат одличен настан на доделување на пакетчиња за сите дечиња. На настанот свечено ќе биде дочекан и Дедо Мраз со неговата кочија, кој ќе ги подели новогодишните пакетчиња.

Организаторите навистина се потрудиле самоиницијативно да украсат и спремаат кочија и прекрасен Дедо Мраз. Настанот е закажан со почеток од 13 часот, каде најпрво ќе бидат посетени дечињата без родители од групниот дом и дечињата со посебни потреби, а потоа на градскиот плоштад во Берово ќе бидат поделени пакетчиња за сите присутни дечиња.

Одлична идеја на која упатуваме благодарност до организаторите за овој прекрасен настан.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK