септември 25, 2024

Повеќето луѓе се тушираат набрзина и се фокусираат на неколку клучни области за време на туширањето. Сепак, според докторката Џен Кодл, честото прескокнување на темелно туширање може лошо да влијае на нашето здравје.

Семејна лекарка на „Тик-ток“ сподели две видеа во кои објасни кои делови од телото не ги миеме доволно. Нејзините совети за хигиена собраа повеќе од 2,5 милиони прегледи.

Првите пет делови од телото што ги спомна се папокот, пределот зад увото, ноктите, нозете и прстите, особено пределот меѓу нив.

Во следното видео на оваа тема, д-р Кодл ги советувала своите следбеници да го измијат пределот околу носот бидејќи кожата тука може да стане мрсна доколку не успеат да го исчистат темелно овој дел од лицето. Таа ја спомна и важноста од миење на грбот, што многу луѓе го прескокнуваат.

Тука се секако стапалата, пределот под масните наслаги и неизбежните уши.

The post Докторка откри кои делови од телото не ги миеме доволно, а се полни со бактерии appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK