септември 25, 2024

Шокантни вести доаѓаат од САД, поточно од таборот на Денвер Нагетс.

Имено, како што објави познатиот новинар Шамс Чаранија, еден од најдобрите играчи на актуелниот НБА шампион Арон Гордон бил искасан од куче.

Како што е наведено, тој се здобил со повреди на лицето и раката откако на Божиќ бил нападнат и каснат од куче. Значи дека инцидентот се случи по натпреварот меѓу Денвер и Голден стејт, во понеделникот, кој се играше во попладневниот термин во САД.

Нагетс пренесуваат дека Гордон се здобил со сериозни повреди на главата и десната рака, но дека моментално е во добра состојба.

„Арон Гордон се здоби со расекотини на лицето и раката како резултат на каснување од куче на 25 декември. Арон е во добра состојба и ќе остане надвор од тимот додека целосно не закрепне“, се вели во соопштението на клубот.

Потоа новинарот Чаранија објави дека Гордон заработил дури 21 конец на лицето и десната рака.

Арон Гордон има 26 години, во Денвер пристигна во 2021 година од Орландо Меџик.

Сезонава одигра 28 натпревари и има просек од 13,6 поени по натпревар со 6,8 скока и 3,4 асистенции.

The post Куче го искасало Арон Гордон по лицето и рацете appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK