септември 25, 2024

Пуши цигара и разговара на телефон позади шалтер на клиниката за уво, нос и грло каде пациенти со респираторни заболувања чекаат лекарски извештаи. Вработениот ќе биде најстрого казнет најави министерот за здравство, до кого стигнала фотографијата направена од загрижен граѓанин. Меџити веќе почна со ригорозните мерки во борбата против пушењето и тоа во здравствена установа каде согласно постоечкиот закон е строго забрането.

-Ќе биде суспендиран од местото на работа, ама прво ќе докажат менаџерите, ќе има дисциплинска комисија, ќе ги почитуваме сите мерки согласно Законот за здравствена заштита, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Меџити побара од граѓаните да пријавуваат вакви случаи бидејќи како што се пишува по социјалните мрежи, во многу здравствени установи нема почитување на законот против пушењето. Им порача на сите дека подобро да превенираат и да се откажат од цигарите отколку да ги лекат последиците од нив.
-После Нова година ќе влеземе во секоја институција, не за да ги уплашиме, туку да укажеме со сите здравствени работници да ги подобриме здравствените услуги и да се тргнат од лошите навики додека не е касно бидејќи секој вработен од тоа зема плата и издржува семејство и да не бидеме ние лошите, да внимаваат и да ги почитуваат работните места, вели Меџити.

Според министерот за здравство, пушењето не е зависност туку лоша навика и без цигари се може. Повисоки даноци за тутунот, контрола и забрана за електронски цигари во затворени простории се препораките на СЗО кои најверојатно ќе бидат дел од мерките и кај нас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK