ноември 22, 2024

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитиревски, влезе во последните шест месеци од договорот со Рајо Ваљекано. Ова значи дека Димитриевски може да започне преговори со други клубови.

Рајо Ваљекано и Столе, новата година ја започнаа со победа во „малото градско дерби“, над Хетафе од 2:0.

„Среќен сум во Рајо. Имам одлична комуникација со претседателот и сите во тимот. Преговараме за нов договор, ќе видиме што ќе излезе. Ќе се обидеме да ја донесеме вистинската одлука за мене, но и за клубот“, изјави Димитриевски по натпреварот со Хетафе.

Изминатите месеци, шпанските медиуми, објавуваа информации поврзани со Димитриевски. Тие тврдеа дека интерес за македонскиот репрезентативец интерес покажале Севилја, Виљареал и Валенсија.

Столе Димитриевски го носи дресот на Рајо Ваљекано од 2018 година.

The post Димитриевски сака да остане во Рајо Ваљекано appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK