ноември 22, 2024

Поранешниот репрезентативец на Франција, Кристоф Дугари изјави дека се надева дека Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а како што сега стојат работите тој нема да потпише нов.

„Со целото мое срце се надевам дека ќе го напушти ПСЖ. Мбапе стагнира. Станува предвидлив во дуелите, му недостасува сила и карактер. Често е невидлив на теренот. Стевот му е негативен, се повеќе мавта со рацете. Тој ми изгледа малку изгубен. Работите во ПСЖ веќе неколку месеци не одат добро“, изјави Дугари.

Поранешниот француски репрезентативец истакна дека Мбапе во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„На секои шест месеци се поставува прашањето дали Килијан ќе замине. Лично уморен сум и нервозен сум од тоа. Сакам Мбапе да избере клупски проект наместо личен. Уморен сум од гласините за неговата иднина, уморен сум од тоа“, заклучи Дугари.

The post „Се надевам дека Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK