ноември 22, 2024

НАТО најави дека ќе им помогне на своите членки да купат до 1.000 американски ракети Патриот за подобро да се заштитат додека Русија ги зголемува воздушните напади врз Украина.

Агенцијата за поддршка и набавка на НАТО објави дека ќе поддржи група земји, меѓу кои Германија, Холандија, Романија и Шпанија , при купувањето на „Патриоти“, кои се користат за одбрана од крстаречки и балистички ракети и од авиони.

Шефот на либанската дипломатија бара од Хезболах да не одговара за убиството во Ал-Арури

Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави дека неговата влада разговара со Хезболах за „да му укаже на движењето дека не треба …
Истополовите парови во Естонија од вчера можат законски да склучат брак

Истополовите парови во Естонија можат да се венчаат од Нова година, а таа е првата земја создадена на територијата на СССР која ги легализираше …

Според извори од воената индустрија, договорот би можел да биде вреден околу 5,5 милијарди долари.  Купувањето може да им помогне на сојузниците да обезбедат повеќе од нивните сегашни одбранбени системи за Украина.

Нападите на руските ракети и беспилотни летала врз украински цивили, градови и населени места покажуваат колку е важна современата воздушна одбрана –  се вели во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг .

– Зголемувањето на производството на муниција е клучно за безбедноста на Украина и за нашата безбедност –  додаде тој. Како организација, НАТО и дава само „несмртоносна поддршка“ на Украина, но нејзините членки испраќаат оружје и муниција.

Последната рунда руски напади започна во петокот со најголемиот поединечен напад врз Украина од почетокот на војната. Сега е жестока зимска војна на трошење долж линијата на фронтот долга 1.000 километри. Повеќе од 40 цивили се убиени од викендот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK