Иран и Русија официјално престанаа да го користат системот SWIFT за директни меѓубанкарски трансфери.
Ова го соопшти заменик-шефот на Централната банка на Иран (ЦБИ), Мохсен Карими.
Тој изјави дека на компаниите од двете земји им е овозможено да тргуваат во националните валути, наместо да користат долар или евро.
„На банките на нашите две земји повеќе не им е потребна Швајцарија за да комуницираат меѓу себе и комерцијалните банки на двете земји можат да воспостават меѓусебни брокерски односи. Иранскиот извозник сега може да ја наплати руската страна во риали и да добива пари од нив преку руските банки во Иран. “ рече Карими. истакнувајќи дека системот дозволува плаќање и во руски рубљи, пренесува RT.
SWIFT е систем за банкарски пораки што овозможува финансиски трансфери низ целиот свет, а по почетокот на војната во Украина, руските банки беа исклучени од SWIFT.
Следете не, не има насекаде