Американската актерка Лиза Бонет (56) официјално поднесе барање за развод две години откако објави дека се разделува од нејзиниот сопруг, актерот Џејсон Момоа (44). ТМЗ пишува дека Бонет поднелa барање за развод на суд, а медиумите пишуваат дека тие се разделени од 7 октомври 2020 година, според тоа што актерката го навела како дата на разделбата.
Се дознава и дека таа побарала заедничко старателство над своите деца, ќерката Лола (16) и синот Накоа-Волф (15).
Момоа и неговата долгогодишна партнерка и сопруга решија да тргнат секој по својот пат во јануари 2022 година. Веста за разводот ја споделија со своите следбеници преку социјалните мрежи.
– Сите го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања што се случуваат – започнаа актерите во заедничката објава и продолжија:
– И затоа сакаме да ја споделиме веста за разводот со вас. Не го споделуваме затоа што мислиме дека тоа е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да биде позната и доживеана. Се ослободуваме еден со друг да бидеме она што учиме да станеме – додаваат тие.
– Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата на сè што е можно. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее – заклучија тие во заедничкото соопштение.
Момоа и Лиза се во врска од 2005 година, а заедно имаат две деца. Тие го кажаа судбоносното „да“ на тајна венчавка во 2017 година. Лиза е 12 години постара од Џејсон, но разликата во години не била пречка за нивната љубов.
– Кога имав осум години, ја видов Лиза на телевизија и реков: „Мамо, ја сакам“ – се пошегува ѕвездата на „Аквамен“ и „Гејм оф Тронс“ како гостин во едно шоу во септември 2017 година.
The post Актерката Лиза Бонет поднесе барање за развод, две години по објавата за разделбата од Џејсон Момоа appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде