Легендарниот италијански стопер Леонардо Бонучи (36) е нов играч на турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат бројни светски медиуми.
Бонучи ги напушти редовите на германски Унион Берлин каде минатото лето пристигна како слободен играч, откако буквално беше избркан од Јувентус.
Во Берлин не се снајде најдобро, навивачите му порачаа дека не го сакаат, а новиот тренер Ненад Бјелица му порача да сибара нов клуб.
Бонучи ќе потпише договор со Фенербахче до крајот на сезоната, ќе заработи 1,3 милиони евра. Не е познато колква сума Фенербахче му плати на Унион Берлин за Бонучи.
The post Лео Бонучи во Фенербахче appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде