Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба неодамна беше суспендиран на четири години поради користење недозволени супстанци.
Во двата негови примероци беа пронајдени метаболити на тестостерон и во октомври беше суспендиран од Светската антидопинг организација на четири години. СО оглед на возраста, Погба има 30 години, казната значи и крај на кариерта.
Тој има право на жалба, која ја подготвува заедно со своите адвокати и првото рочиште ќе го има во февруари. Погба работи на совршена одбрана со својот тим адвокати и верува дека ќе го добие овој случај.
Предлогот ќе биде суспензијата од четири години да се намали на шест месеци.
The post Погба подготвува совршена одбрана верува дека ќе му ја намалат казната appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде