септември 19, 2024

Загинаа една жена и двајца мажи, а три лица кои се полесно повредени во моментов се на болничко лекување.

Убиецот на тројца Курди во Париз им кажал на истражителите дека неговиот мотив е омраза кон странците, изјави денеска париската јавна обвинителка Лоре Бекуа, пренесува агенцијата Танјуг повикувајќи се на Ројтерс.

Шеесет и деветгодишниот убиец, од претходно познат на полицијата, на рочиштето изјавил дека грабежот на неговата куќа во 2016 година кај него предизвикал лавина омраза кон странците која станала патолошка.

„Тој се опиша себеси како депресивен човек со самоубиствени мисли и тврдеше дека го зачувал последниот куршум за самоубиство по злосторството“, додаде Бекуа.

Судири со полицијата

Убиствата беа извршени на 23 декември во десеттиот арондисман во Париз, во близина на курдскиот културен центар Ахмет Каја и во околните курдски продавници. Загинаа една жена и двајца мажи, а три лица кои се полесно повредени во моментов се на болничко лекување.

Културниот центар Ахмет Каја е место за состаноци на Демократскиот центар на Курдите во Франција (CDKF), главниот огранок на курдското националистичко движење и правен претставник на Курдистанската работничка партија (ПКК), организација во војна со турската држава.

Убиството предизвика немири во француската курдска заедница, а вчера илјадници луѓе ширум земјата се собраа во поддршка на Курдите. На митинг во Париз, група демонстранти се судриле со полицијата, која одговорила со солзавец, јавуваат агенциите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK