септември 21, 2024

Русија е подготвена да преговара со сите учесници во конфликтот во Украина за прифатливи резултати, но тие одбиваат да преговараат, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Путин во интервју за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали се приближуваме до опасна линија во врска со ситуацијата во Украина , рече дека тоа не го смета за толку опасно и дека Русија дејствува во интерес на граѓаните , пренесува РИА Новости.

– Мислам дека не е толку опасно. Мислам дека постапуваме во вистинска насока, ги штитиме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. А ние едноставно немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани – рече рускиот лидер.

Путин тврди дека Русија секогаш се обидувала да ги реши сите спорови по мирен пат, преку преговори, но дека другата страна имала поинаков став.

Според Путин, сè е засновано на политиката на руските геополитички противници, која е насочена кон распарчување на Русија.

– Раздели па владеј – тие секогаш се обидуваа да го направат тоа, се обидуваат и сега, но нашата цел е нешто друго – да го обединиме рускиот народ – рече Путин.

Тој додаде дека Русија не може да се однесува толку цинично како Западот кога станува збор за Украина, бидејќи, како што наведе, Русија „има поинаква филозофија“.

Според него, Западот првенствено има материјален пристап, додека Русија духовен.

Путин нагласи дека е убеден оти 99,9 отсто од руските граѓани се подготвени да жртвуваат сè за интересите на татковината.

– Ова само уште еднаш ме убедува дека Русија е посебна земја и дека тука живеат посебни луѓе – рече претседателот на Русија.

Владимир Путин рече дека Русија ќе ги уништи системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ доколку САД и ги достават на Украина.

– Секако дека ќе ги уништиме 100 отсто – изјави Путин во интервју за телевизијата „Русија-1“.

Путин истакна дека Украина до сега ги немала овие системи.

Во четвртокот Путин им рече на новинарите дека „Патриот“ е прилично стар систем и не работи како рускиот С-300.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK