мај 6, 2026

– Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1-ви до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници, меѓу кои и шест смртни случаи.

Само во последната недела се регистрирани 459 нови случаи и два смртни случаи, покажуваат податоците.

„Аркан го уби братот на Џеј, а тој мораше да молчи” – Јелена Карлеуша „удри“ по филмот „Недела“ и главната песна (фото)

Таа се присети на растењето во деведесеттите и на нејзиното запознавање со Џеј […]

Гардијан: Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера побарал од врховниот командант на вооружените сили […]

Како да ги зголемите хормоните на среќа бесплатно и лесно: Што го поттикнува лачењето на допаминот, серотонинот, ендорфинот и окситоцинот?

Сите ние се стремиме кон чувство на среќа. Тоа е прекрасно чувство кое […]

РОМАНИЈА: Над 450 случаи на морбили и два смртни случаи се регистрирани во последната недела

– Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот […]

Ова е причината за кавгата меѓу Цеца и Мира Шкориќ! Ражнатовиќ го прекина молкот „Не ми го трошете времето…“

Кога Цеца и Мира Шкориќ се скараа пред повеќе од една и пол деценија, целата јавност […]

На почетокот на декември 2023 година, Министерството за здравство на Романија прогласи епидемија на морбили (сипаници) на национално ниво за да се овозможи вакцинација на децата на возраст меѓу девет и 11 месеци, како и на невакцинираните, во услови на алармантен пораст на случаи на мали сипаници и големиот број хоспитализации на заболени деца во детските и инфективните болници.

Според институтот, еден од двата смртни случаи е регистриран кај осуммесечно момче од областа Брашов. Детето имало коморбидитет: Прадер-Вили синдром. Вториот смртен случај е регистриран кај 24-годишен млад човек од округот Муреш, невакциниран против морбили, кој имал семеен контакт со потврден случај на мали сипаници (невакцинирано лице). Имал и коморбидитет: тешка ментална ретардација.

Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се регистрирани во 39 окрузи и во Букурешт, со најголем број случаи во окрузите Брашов (892), Муреш (849), Клуж (205), Џурџиу (212) и главниот град Букурешт (590). 

Во периодот од 6 декември 2023 до 28 јануари 2024 година, според Националниот електронски регистар на вакцини, со вакцина против сипаници, заушки и рубеола биле вакцинирани вкупно 53.477 деца, од кои 8.971 биле на возраст од 9 до 11 месеци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK