Познатата глумица и комичарка Ребел Вилсон новогодишните и божиќни празници ќе ги минат во Аспен. Вилсон со помош на сурогат мајка ја доби ќерката Ројс Лилиан. Со нејзината партнерка Рамона Агрума во ноември објавија дека го добија првото дете.
„Со гордост сакам да ве известам за нашето прво дете, Ројс Лилиан, која минатата ндела ја роди сурогат мајка. Не можам да ви опишам колку љубов имам за неа. Засекогаш ќе им бидам благодарна на сите кои учествуваа во ова. Но, посебно сакам да ѝ се заблагодарам на прекрасната сурогат мајка, која ја носеше и роди со таква милост и толку грижливо. Фала ви на сите кои помогнавте да основам семејство. Ова е неверојатен дар. Најдобриот подарок кој сум год обила. Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројс целата љубов која може да ја замисли. Брзо учам и имам голема почит кон сите мајки. Горда сум што влегов во вашиот клуб“, рече Ребел.
Вилсон пролетта објасни дека во 2020 година изгубила доста килограми и дека лекарите ѝ сугерирале дека ќе има поголема шанса да остане бремена ако изгуби уште повеќе. Во јуни ја претстави девојката.
„Мислев дека го барам принцот од Дизни. Но, можеби она што навистина ми беше потребно целото ова време беше принцеза“, рече Ребел и официјално призна дека е лезбејка.
The post Познатата глумица и комичарка Ребел Вилсон со девојката и ќерката на семејна прошетка низ Аспен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде