Десетици кинески борбени авиони повторно влегоа во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван, а воените претставници изјавија дека тоа е најголемиот таков влез до сега.
Според извештајот на Министерството за одбрана на Тајван, вкупно 71 авион и беспилотни летала го нарушиле воздушниот простор на Тајван.
Од оваа бројка, 43 авиони поминале т.н средната линија на Тајванскиот теснец, неофицијална тампон зона меѓу двете страни.
Воените претставници на Тајван нагласија дека во авионите имало 18 борбени авиони Ј-16, 11 ловци Ј-1, шест ловци Су-30 и беспилотни летала.
„Официјалната тајванска Централна новинска агенција соопшти дека тоа е најголемиот упад на кинеската воена авијација до сега“, објави Гардијан.
Од друга страна, Кинеската Народноослободителна армија објави дека во неделата извела ударни вежби на море и во воздушниот простор околу Тајван, како одговор на, како што рече, провокацијата на Тајван, со која управуваат Соединетите Американски Држави.
За новите тензии зборуваше и претседателот на Тајван Цаи Инг-вен, кој повтори дека Тајван мора да ги зајакне одбранбените капацитети поради постојаното кинеско проширување.
„Колку повеќе се подготвуваме, толку е помала веројатноста дека ќе има ненадејни обиди за агресија. Колку повеќе сме обединети, Тајван може да стане посилен и побезбеден“, рече таа.
Следете не, не има насекаде