На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.
КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата. Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година, соопштија од компанијата.
На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.
– Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени – велат од „КАМ“.
Целта на оваа мерка е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници. Мерката оди во прилог и на генералниот стремеж на „КАМ“ да обезбедува висок квалитет по ниски цени за своите купувачи
The post „КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде