септември 21, 2024

Графити со пораката „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ на српски јазик осамнале утрово во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население, јави МИА од Приштина.

На фотографиите што ги објави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ од Митровица, графитите се потпишани од таканаречената „Северна бригада“, организација која заедно со „Цивилна заштита“, Владата на Косово во јуни минатата година ги прогласи за терористички „врз основа на фактот дека тие формации претставуваат сериозна закана за законскиот и уставниот поредок на Косово“.

Граифитите се испишани еден ден пред најавениот митинг на пензионерите во Северна Митровица, што го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, како и ден по маршот на навивачите на спортскиот клуб Црвена звезда „Делии“ во Белград, со транспаренти „Државо заштитити ги Србите од Косово“.

Графити со порака „Кога српската војска ќе се врати на Косово – Северна бригада живее“ се испишани и низ другите три општини со мнозинско српско население – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK