септември 21, 2024

Во моментов сѐ уште трае Централното собрание на Алијанса за Албанците свикано на иницијатива на поранешниот лидер на партијата Зијадин Села. Во хотелот „Буши“ во Скопје кадешто се одржува собранието има голем број на членови на партијата.

Зијадин Села пристигна со еден час доцнење. Изјавите кои беа предвидени за околу 14.30 часот доцнат веќе еден и пол час.

На претседателството се одлучува за статусот на актуелниот претседател Арбен Таравари, кој иако бил поканет, не присуствува на Централното собрание. Тензиите во Алијанса за Албанците почнаа откако Таравари одлучи без да го консултира Централното собрание за претстојните парламентарни избори да коалицира со албанската опозиција. На ова се спротивставија најголемиот дел истакнати членови и функционери на партијата кои заедно со Зијадин Села истакнаа дека одлуката на Централното собрание била Алијанса да настапува самостојно на изборите.

Изјавата на Зијадин Села по завршувањето на Централното собрание ќе можете да ја проследите во живо на Јутјуб и Фејсбук каналите на Инфомакс.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK