септември 21, 2024

Доктор од тимот на Итната медицинска помош на Радовиш бил нападнат во просториите на Здравствениот дом на ова населено место додека бил на своето работно место. 

Тој нападот го рпијавил во полциската станица во Радовиш и полицијата веќе го повикла напаѓачот на разговор.

– Х.Е. (36), лекар во Итната медицинска помош во Радовиш,пријавил дека вчера околу 19 часот во просториите на Здравствен дом, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д. (53) од Радовиш.

Како што соопштија од СВР Струмица, денеска во просториите на Полициската станица во Радовиш бил извршен службен разговор со осомничениот за нападот.

За настанот бил запознат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот полицијата ќе поднесе соодветна пријава – се наведува во соопштението. 

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK