септември 21, 2024

Министерството за внатрешни работи предводено од ДПМНЕ, со сила, предавнички и надвор од здравиот разум со шокантна објава ја информираше јавноста дека од утре возачките дозволи без “Северна” нема да важат.

Иако претходно лажеа како Спасовски така и техничкиот министер Тошковски дека возачките без “Северна” ќе важат, сепак во последен момент излезе на виделина дека нашите граѓани ќе бидат оставени на немилост. Дополнително, во недостиг на државнички капацитет и во потчинета меѓународна позиција, СДС и ДПМНЕ сега ќе го ограничуваат движењето на граѓаните и во рамки на нашите граници.

Таканаречениот ,,Преспански договор” кој го поткопа македонскиот идентитет и право на самоопределување, дополнително преку наметнатата промена на веќе важечки документи не става во понеповолна положба во однос на останатите странци во државата кои ќе имаат право слободно да се движат, да возат автомобил, а ние како граѓани од трет ред нема да смееме слободно да се движиме ниту да управуваме возила. Со измени во законите за промена на пасоши, лични карти и возачки дозволи спротивно на Уставот се ограничи правото на слободно движење кое е загарантирано и стекнато цивилизациско право.

Овие пранги кои антимакедонската влада на СДС и ДУИ му ги стави на македонскиот народ, ДПМНЕ сега ги унапредува.

Само за Левица, “Северна” не е реалност!

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK