септември 22, 2024

Почитувани,

Со последните случувања сите сме сведоци на вистината која излегува на виделина, а за која СПМ јавно говореше неколку години наназад, за непрофесионалното, нестручно, полтронско и несовесно однесување на раководството на МВР.

За таа наша транспарентност бевме малтретирани, прогонувани и казнувани и како Синдикат но и како раководство и членство на СПМ.

Очигледно е дека дотогашното раководство работело на систематско уништување на институцијата, а особено на разрушување на ионака тенката релација полицаец-граѓанин. Тоа се потврдува со несовесното и неодговорното работење во насока на промената на личните документи и патните исправи во сите фази.

Во поглед на заштита на полицаецот во периодот кој следува, во насока на слободно извршување на неговите задачи, без притоа да се предизвика револт кај граѓаните и нарушување на нивните уставни и човекови права, во согласност со меѓународните конвенции, како Синдикат апелираме и бараме:

До Владата и Собранието веднаш, без политички предрасуди, да ги разгледа и усвои Предлог законите за измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и законот за измени и дополнувања на Законот за патни исправи доставени од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme.

Нагласуваме дека, со постоечките одредби со кои престануваат да важат возачките дозволи и патните исправи, работниците на МВР, особено полицајците се доведени во завидна положба кон граѓаните, да постапуваат по закон, а од друга страна да им ги скратат Уставните права. Тоа во една правна држава не смее да се дозволи. Тоа ќе предизвика револт на граѓаните кој ќе биде дирекно насочен и искажан кон полицаецот, а со тоа таквиот револт ќе доведе до девијантни појави кои се апсолутно непотребни и не носат ништо добро за никого.
Се надеваме дека ќе допреме до совеста и човечноста на припадниците на Владата и Собранието и дека без одлагање, во најкус временски рок ќе ги донесат овие предложени измени и дополнувања на законите и со тоа ќе се спречат револтот и конфликтите.

Во овој контекст на заштита на полицајците и граѓаните, апелираме и до другите синдикати во МВР, да го подржат овој апел и заеднички да покажеме дека прв и основен приоритет ни се пред се граѓаните и нашите колеги.

#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот
#силанановотовреме

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK