септември 22, 2024

Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце минатата недела спречија обид за нелегално внесување на разновидна опрема за скијање во вредност од околу 243 илјади денари, за која е избегнато плаќање на царински увозни давачки од 53 илјади денари.

Стоката е пронајдена при детален преглед на патничко возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, откако возачот изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола. При извршената контрола, царинските службеници во багажникот на возилото пронајдоа 115 парчиња опрема за скијање, меѓу која: кациги, даски, скии, стапови, наочари, ранци и облека за скијање.

Против лицето е поднесена пријава за царински прекршок по член 263 од Царинскиот Закон, а стоката е привремено одземена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK