септември 21, 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави Божиќна честитка, во која ги нарече демократите левичарски марксистички радикали кои се обидуваат да ја уништат земјата и го обвини Федералното истражно биро (FBI) дека cоцијални мрежи и одредени медиуми со цел да се промовира „ментално хендикепиран демократ“.

-„Среќен Божиќ на сите, вклучително и радикалните левичарски марксисти кои се обидуваат да ја уништат нашата земја, потоа Федералното биро за истраги, кои управуваат и плаќаат за социјалните медиуми и „осакатените“ електронски медиуми за да промовираат ментално хендикепиран демократ против брилијантен визионер и сакан на САД, Доналд Трамп“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Social Truth“, пренесоа американските медиуми, од кои некои објавија дека Трамп алудирал на актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Поранешниот американски претседател му „честита“ и на американското Министерство за правда.

„Се разбира, среќен празник на Министерството за неправда, кое ангажираше специјален „обвинител“ за, заедно со неговата сопруга и семејството, да го мразат и истражуваат Трамп повеќе од која било личност на земјата. Испраќам љубов и бакнежи до сите“, додаде Трамп.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK