септември 21, 2024

На 29.12.2022 (четврток) ве очекуваме на новото шеталиште во Струга (пред Хотел Фреја) од 11 часот, да се дружиме и да си споделиме празнична магија! Настанот ќе започне со подарување на новогодишни пакетчиња на дечиња и лица од ранливи категории, како и слатки изненадувања за сите дечиња кои ќе не посетат и ќе трае во добра атмосфера со музика со DJ и настап на детско хорче, а на посета ќе ни дојде и Дедо Мраз. Ќе бидат поставени две елки – една на солидарноста и една на желбите! Елката на желбите ќе биде поставена од 26.12.2022 до 10.01.2023, за да може да дојдете и на истата си поставите напишана желба за душевна и физичка благосостојба. Елката на солидарноста ќе биде поставена дента за време на настанот на која ќе ве очекуваме со некој ваш мал лампион или орнамент кој ќе го прикачите на неа – ова ќе ја симболизира оваа наша прекрасна група, каде сите сме различни а сепак хуманоста и човечноста не сплотуваат. Потоа сите ваши декорации ќе бидат собрани од елката и ќе бидат донирани на семејство каде што се потребни за и тие да имаат можност за празнична атмосфера во својот дом.
Ќе има неколку мали штандчиња, каде наши членки ќе се претстават со своите рачни / домашни изработки, а вие ќе имате можност да ги поддржите нивните скромни бизниси.
Би сакале јавно да се заблагодариме најпрво на сите наши хумани членки кои несебично се вклучуваат во иницијативата за дарување на новогодишни изненадувања, како и на помагателите кои овозможуваат оваа наша идеја да се реализира, па да прерасне и во традиција и поголем настан во иднина: Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga,
Hotel Freya, Kostal Macedonia, Kennedy Technology, Happy Corner, Orthodontics OrthoSmile
Ве очекуваме во што поголем број да не посетите и го поддржите овој прекрасен настан!

The post Празнична магија во Струга: Бесплатни новогодишни пакетчиња на дечиња и лица од ранливи категории, како и слатки изненадувања за сите дечиња !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK