септември 23, 2024

Грција станува 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови

Грчкиот парламент, синоќа, со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските Сириза, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода, го изгласа законот за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција станува 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови.

Од вкупно 300 пратеници колку што брои парламентот, гласаа 254, од кои 76 беа „против“, двајца „воздржани“, а останатите го поддржаа законот.

Меѓу оние кои гласаа против, освен пратеничките групи на Грчко решение, Комунистичката партија, Спартанци и Победа, имаше пратеници и од другите партии меѓу кои и од Нова демократија.

Веднаш по соопштувањето на резултатите, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалната мрежа Икс истакна дека „Грција е горда што стана 16-та земја од ЕУ која ја легализираше брачната еднаквост“, но и дека тоа ја отсликува денешната Грција: „прогресивна и демократска земја, посветена на европските вредности“.

The vote has passed: as of tonight, Greece is proud to become the 16th EU country to legislate marriage equality. This is a milestone for human rights, reflecting today’s Greece – a progressive, and democratic country, passionately committed to European values.

— Prime Minister GR (@PrimeministerGR) February 15, 2024

Вчера попладне додека во тек беше расправата во парламентот и во пресрет на гласањето, во Атина се одржаа одвоени собири „за“ и „против“ законот за истополови бракови.

Мицотакис во неговиот говор за време на расправата порача дека со законот „стануваат видливи луѓето кои досега беа невидливи“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK