Игор Дедовиќ, еден од водачите на Шкањарскиот клан и неговиот близок соработник Стеван Стаматовиќ беа убиени на 19 јануари 2020 година во Атина, а белградски Курир ја поседува нивната заедничка фотографија, која, според нивниот извор, наводно била направена во Атина.
-Убиените Дедовиќ и Стаматовиќ се криеле во Грција со лажен идентитет, но во тие денови на гости дошле нивните сопруги и деца. Се сомнева дека ликвидаторите всушност ги следеле нивните семејства и стигнале до нивната локација – потсетува изворот.
На 19 јануари 2020 година, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ вечерале со своите сопруги и деца во ресторан во Атина. Тоа беше проштална вечера бидејќи договорот беше жените и децата потоа да ја напуштат Грција.
Одеднаш, четворица мажи, маскирани со шалови и капи и облечени во црно, влегле во познат бар во луксузен кварт во Атина. Тие се приближија до масата на која седеа Дедовиќ и Стаматовиќ. Ги опколија сите, зборуваа неколку зборови на српски, а потоа безмилосно пукаа врз овие двајца со четири оружја.
Да потсетиме, истражителите од Грција и Србија заедно работат на случајот од првиот ден до денес. Информациите кои протекоа од самиот почеток беа дека убиството го наредил кавачкиот клан на чело со Радоје Звицер, а наводно групата Вељко Беливук и Марко Миљковиќ била ангажирана за извршување на делото.
Инаку, на судењето во Специјалниот суд во Белград, Срѓан Лалиќ, сведокот-обвинет ги откри грозоморните детали од оваа ликвидација, каде меѓу другото рече дека Милинко Брашњевиќ го убил Дедовиќ и „дека бил застрелан во челото и дека главата му паднала во чинија“.