септември 20, 2024

Македонскиот стратег врза 18 победи со московјаните.

Низ историјата на клупата на ЦСКА Москва седеле големи тренерски имиња, но на ниту еден не му успеа да го направи тоа што го направи Емил Рајковиќ. Македонскиот тренер летово ги презеде московјаните и со златни букви влезе во армискиот клуб-ЦСКА во превод значи Централен спортски клуб на Армијата.

Емил Рајковиќ врза 18 победи, ги надмина своите претходници на клупата на ЦСКА и испиша историја. Последната во серијата ја постигна против МБА Москва во ВТБ лигата. Армејците победија со 92:75, а најдобри во победата беа репрезентативците на нашиот северен сосед. Никола Милутинов постигна 18 поени и осум скока, додека Дејан Давидовац придонесе со 14 поени и четири скока.

ЦСКА неполни три месеци е непоразена екипа, има перфектен учинок во ВТБ лигата – триумфираше на сите 18 натпревари под команда на македонскиот тренер – а единствениот пораз во официјалните натпревари го имаше во Суперкупот. Зенит триумфираше по пресвртот во драматичното финале, а оттогаш Уникс од Казан беше најблиску до побеада против московјаните, но и тие беа поразени по продолженијата.

ЦСКА во новата година влегува како лидер во ВТБ лигата, беше убедлив во повеќето натпревари, а Емил Рајковиќ ја истакна својата кандидатура уште еднаш да биде прогласен за тренер на годината во регионалното натпреварување. Македонскиот тренер тоа признание го доби пред три години кога беше тренер на Астана.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK