септември 20, 2024

Утрово во 05:45 часот во куќа на улица „Крушевска Република” избувнал пожар во просторија со котел за парно затоплување, а само заради брзото пријавување и навремената интервенција на струмичките пожарникари е спречен поголем пожар и голема материјална штета.

Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот интервенирале со едно против пожарно возило и пет пожарникари. Пожарот бил изгаснат и било спречено проширувањето на погорните катови од куќата и соседните објекти.

Пожарникарите апелираат до граѓаните да внимаваат и правилно да ги употребуваат огништата, посебно тие кои се затоплуваат со огревно дрво и доколку се појави пожар веднаш да ја алармираат ТППЕ Струмица. 

The post Изгоре просторија со котел за парно затоплување во Струмица appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK