јануари 11, 2025

АД „Електрани на Северна Македонија” први во регионот изградија соларна електрана врз исцрпен рудник за јаглен во Осломеј, ја пренесува сторијата за ФЕ Осломеј-1 водечкиот он лајн регионален портал за енергетика Balkan Green Energy News.

-Ова е шампионски зафат не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион и затоа одлучивме да го претставиме овој модел на развој на соларни електрани во рамките на серијалот „Шампиони во енергетската транзиција на Западен Балкан”. Инспирирани од овој голем успех на АД ЕСМ, сакавме да укажеме дека овој модел на брза и праведна транзиција не е резервиран само за Северна Македонија, туку може да се примени и во другите земји од регионот, велат креаторите на серијалот.

Соговорниците во сторијата, директор на Секторот за развој и инвестиции во АД ЕСМ Благој Гајдарџиски и советник за енергетика во Владата, Виктор Андонов, наведоа дека Владата на Северна Македонија и АД ЕСМ се подготвени да разменат искуства со земјите од регионот, да ја откријат приказната за успехот на овој модел на трансформација, како и плановите за слични инвестиции во РЕК Битола.

Balkan Green Energy News е водечки он лајн портал кој следи теми од одржливиот развој, климатски промени, заштита на животната средина и мобилност преку редовно објавување на вести, информации за промените на законската регулатива и можностите за инвестиции во земјите на Балканскиот регион: Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Романија, Бугарија, Северна Македонија, Грција, Кипар и Турција.

The post АД ЕСМ дел од серијалот „Шампиони во енергетската транзиција на Западен Балкан” на регионалната платформа Balkan Green Energy News appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK