септември 22, 2024

Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик, претседател да се избира во Собрание, но и поддршка од ривалската ДУИ, побара претседателскиот кандидат на албанската опозиција, Арбен Таравари.

-Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна. Имаме намера за прв пат албански кандидат да влезе во втор круг на претседателските избори и сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем. Ги повикувам Албанците и ДУИ, која сè уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, изјавил Таравари.
Извор: Фокус

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK