септември 22, 2024

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој најави дека утре ќе соопштел голема вест наводно ќе повика да и се каже не на Русија, црвените линии на партијата за формирање на следната влада и промоција на Бујар Османи за кандидат за претседател на државата, објавува ТВ 21.

Телевизијата тврди дека го добиле говорот којшто утре ќе го чита Ахмети на прес – конференција.
Лидерот на ДУИ бара поддршка од Албанците на овие избори, за да кажат не на влијанието на Русија во Македонија. Во својот говор Ахмети утре ќе рече дека има една желба за која смета дека сега дошло време да ја соопшти. Ахмети ќе потенцира дека претседателот на Русија Путин како и Министерот за надворешни работи Лавров се против Македонија да биде дел од НАТО и се против Македонија да биде дел од ЕУ. „Затоа да кажеме не на Русија“, се вели во дел од говорот во кој увид имаше нашата редакција. Ахмети утре ќе соопшти две одлуки. Првата дека партијата има црвени линии за формирање на следната Влада, а тоа е отворање на Устав и внесување на Бугарите. Втората одлука на ДУИ е дека Бујар Османи е нивниот кандидат за претседател на државата, јавува телевизијата.
Фокус

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK