септември 27, 2024

Во постапката за јавна набавка за избор на надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10, се поднесени две жалби, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Согласно со Законот за јавните набавки, во моментов, како што соопштуваат, се подготвуваат одговори на жалбите кои ќе бидат доставени до Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на оваа недела.

– Откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ќе донесе соодветни решенија за двете жалби, Јавното претпријатие за државни патишта ќе постапи согласно со наведеното во решението од Комисијата, велат од ЈПДП.

На 14. месецов ЈПДП информираше дека на тендерот за надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-д е избрана понудата на „IRD ENGINEERING” во износ од 1.374.304.070 денари, со што почна да тече и рокот за жалби. На тендерот, што беше отворен од 15 септември до 17 октомври годинава, аплицираа и INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE” која конкурираше со 1.106.040.600 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ”, со понуда од 1.533.721.722 денари.

Ова е втора постапка за избор на правен надзор и консултант за изградбата на автопатите што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка”. Првата постапка беше поништена откако избраниот понудувач во предвидениот рок не ја обезбеди банкарската гаранција за навремено и квалитено извршување на договорот.

Со овој проект е предвидена изградба на автопатските делници Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола.

За изградбата на автопатите на Коридорот 8, во Буџетот за 2023 година се предвидени 244 милиони евра.

Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

The post Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка” appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK